• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичките инспектори почна со зачестени надзори за заштита на воздухот – изречени казни

Доаѓа периодот од годината во кој поради временските услови започнува затоплувањето на домаќинствата, и со тоа се интензивира согорувањето на цврсти и течни горива во домаќинствата и кај правните субјекти. Токму поради тоа се зголемува и емисијата на гасови во атмосферата од согорувањето на тие горива, што директно влијае на загадувањето на амбиенталниот воздух, што пак директно се одразува на животот и здравјето на луѓето.

Одделението за инспекциски работи при општина Струмица, како дел од орган чија првенствена функција е заштита на јавниот интерес, односно животот и здравјето на луѓето како највисок императив во тој поглед, согласно законските надлежности по кои постапуваат овластените општински инспектори, во овој период има отпочнато со спроведување на интензивни инспекциски надзори од страна на овластениот Комунален инспектор, овластениот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за патен сообраќај и редарската служба во рамки на комуналната инспекција.

Овластениот комунален инспектор согласно законските овластувања кои произлегуваат од Законот за јавна чистота, во првите пет денови од овој месец има спроведено инспекциски надзори на цела територија на општина Струмица во поглед на палење, закопување и уништување на комунален отпад од страна на правни и физички лица. Надзорот е вршен со цел спречување и превенирање на палењето на комунален отпад оставен на јавни површини, чие согорување директно придонесува кон дополнително загадување на амбиенталниот воздух и влијае врз здравјето на луѓето. При вршење на надзорите од негова страна, во 4 случаи е констатирано непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота и се изречени прекршочни санкции согласно истиот закон.

Овластениот инспектор за животна средина, согласно законските овластувања кои произлегуваат од Законот за управување со отпад во истиот период има спроведено инспекциски надзори кај повеќе правни и физички лица, во поглед на начинот за постапување со отпадот, односно акцентот е ставен на правните лица кои вршат индустриска дејност, каде во процесот на производство директно користат цврсти и течни горива како енергенси. При вршење на надзорите во еден случај е констатирано прекршување на одредбите од Законот за управување со отпадот од страна на физичко лице кое врши согорување на отпад од стари моторни возила, и против истото е изречена прекршочна санкција со издавање на прекршочен платен налог.

Овластениот инспектор за патен сообраќај, согласно законските овластување кои произлегуваат од Законот за превоз на патници во патниот сообраќај, која дејност директно влијае на зголемувањето на загадувањето на воздухот, согласно своите законски овластување во еден случај има изречено прекршочна санкција со издавање на прекршочен платен налог на лице кои врши авто такси превоз со возило кое не ги исполнува минимум техничките услови за вршење на дејноста.

Комуналните редари кои се дел од комуналната инспекција, согласно законските овластување кои произлегуваат од Законот за јавна чистота во истиот период имаат извршено поголем број на контроли над физички лица кои вршат изложување и продажба на индустиски и земјоделски производи на јавна површина, како и над физички лица кои вршат палење, закопување и уништување на смет на јавна површина. При вршење на контролите во 10 случаи е констатирано непочитување на одредбите од законот за јавна чистота, за што против сторителите се изречени прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог согласно Законот за јавна чистота.

Според Ѓорге Бонев, раководител на Одделението за инспекциски работи, во периодот кој следува ова Одделение ќе врши редовни и интензивни надзори на терен

,,Секое непочитување на законските прописи кое ќе биде констатирано ќе биде најстрого санкционирано. Затоа упатуваме апел до сите граѓани да ги почитуваат законските прописи, но истовремено и да соработуваат со инспекциските служби со цел полесно откривање на прекршителите на законите, бидејќи сите заедно имаме иста цел и обврска да ја зачуваме и унапредиме животната средина, за нас и идните генерации,, рече Бонев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *