Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица објави повик до струмичките супермаркети за достава на најенопходни намирници за време на викендот кога има целосна забрана за движење. Супермаркетите коишто ќе се пријават ќе можат да им доставуваат намирници на граѓаните до нивните домови за време на 24 забрана за движење претстојниот викенд, сабота и ендела, 11.04 и 12.04.
ПОВИК:
Супермаркетите пријавите можат да ги достават на следната
е-маил адреса: info@strumica.gov.mk.
Рок за достава на пријавата е до петок 10.04.2020 до 12 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата.
Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во
Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за
време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на
општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во
пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање
на сметки.