Првиот бездомник згрижен во камповите на Црвениот Крст во Струмица.Службите го пронашле Марјан како спие во напуштените стари возила на Итната медицинска помош.Во кампот му следуваат не само чиста облека и топлина туку и еден топол оброк.Вели дека бил премрзнат кога го пронашле а сега се чувствува безбеден , но за жал вели дека не е единствениот што бара засолниште во напуштените болнички возила.
Од општинскиот Црвен Крст велат дека место има и за други бездомници.Отворени се за сите кои им е неопходно топло ноќевалиште а ги следува и медицинска нега и облека.
Од Црвениот Крст упатија и апел до граѓаните доколку забележат бездомник да го упатат кај нив.Во моментов во монтажните бараки има место за 8 лица.