• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичкиот регион ќе добие мал еколошки систем за наводнување

Струмичкиот регион ќе биде еден од најмалку шесте кои во наредниот период ќе добијат мал, нискотрошковен, еколошки прифатлив систем за наводнување. Ова го потврди министерот за земјоделство Љупчо Николовски принеговата посета во Струмица.

Оваа инвестиција почна со реализација деновиве, а е финансирана со 1,7 милиони евра евроспки пари од ИПА фоиндовите. Консолидацијата на системите за наводнување во Македонија се еден од приоритетитте посочи министерот, највувајќи дополнителни зафати на овој план.

Според Николовски, состојбата со системите за наводнување во Македонија не е на завидно ниво, а со Националната програма за земјоделство предвидено е во наредните 15тина години да се реши наводнувањето на  250 илајди хекатри земјиште.

Во Националната стратегија за земјоделство , стои дека последниве години се забележувба низок степен на искористеност на системите з анаводнување. Таму посочуваат дека тоа во голема мера се должи на застареност на системите за наводнување, со недоволно одржување и реконструкција на истите и што понатаму резултира со ниска наплата на воден надоместок во однос на процент на искористеност на наводнувани површини.

Расцепканост на површините и необработување на истото претставува дополнителен проблем за ефикасно организирање и користење на системите за наводнување, пишува во Стратегијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *