• Mon. Nov 25th, 2024

Струмичкиот пратеник Костадинов избран за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ е избран за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а за негов заменик е назначен Мухамед Зеќири. Членови на Комисијата ќе бидат пратениците Горан Мисовски, Јован Митревски, Фаница Николоска, Фадил Зендели, Мерита Колчи-Коџаџику, Арбен Зибери, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев, Никола Мицевски и Сурија Рушиди.

Заменик-членови на Комисијата се пратениците Моника Зајкова, Павле Трајанов, Сања Лукаревска, Мартин Костовски, Берат Ајдари, Арта Билали-Зендели, Владо Мисајловски, Благица Ласовска, Ане Лашкоска, Марија Петрушева, Кирил Пецаков и Хусеин Исмаили.

Овој предлог беше изгласан со 90 гласа „за“, два против и два воздржани.

Член во Комисијата бараше и Левицата, а таквото барање на пратеникот Димитар Апасиев беше поддржано и од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Но, според толкувањето на Деловникот на Собранието од страна на претседателот Талат Џафери, Левицата нема место во оваа собраниска комисија.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *