Дури шестмина одбојкари од Струмица заиграа во дресот на македонската репрезентација во првиот меч од Европската лига против Азербејџан којго добија со 3:0 во сетови (25-19, 25-19, 25-20). Струмичкиот танц беше во вториот сет кога селекторот Балтиќ им даде можност на едно место да зиаграт браќата Никола и Ѓорги Горѓиеви, Александар Љафтов, Владо Милев, Филип Маџунков, Васе Михаилов и докажаа дека Струмица е расадник на вистински одбојкарски професионалци. Можност да заиграт чекаат и Марјан Урдов и Славе Наков исто така деца од струмичката одбојкарска школа.
Во групата освен Азербејџан се и селекциите на Албанија и Шведска. Македонија важи за фаворит со оглед на среброто од лани но тоа мора да го докаже и на терен. Целта и ова година е пласман и учество на Ф4 и нов атак на круната во Европската лига.