• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмички деца од Ново Коњарево – мета на португалски Бенфика

Браќата Стојанче и Бошко Накови,  поранешни фудбалери на ,,Академија Пандев,, а сега играчи на фудбалскиот клуб,, Echallenc region,,  од Швајцарија се на чекор од облекување на дресот на португалскиот ,,Бенфика,,. Момците по потекло од Ново Коњарево  веќе три  сезони настапуваат за швајцарскиот ,,Echallenc,,  каде оставаат огромен впечаток кај фудбалските работници но и лубителите на фудбалот. Освен  португалците за овој братски  тандем интерес покажуваат и други европски клубови што е доказ за квалитетот на струмичката фудбалска школа
Стојанче Наков роден во 2000 година и за три сезони со својата игра и перформанси  го сметаат за еден од најперспективните играчи на швајцарскиот прволигаш. Го вкрстуваат како играч со одлична прегледност и борбеност на теренот а многумина го нарекуваат мајстор за слободни удари од кратки дистанци. Инаку 17 годишниот Стојанче во дресот на швајцарците за три сезони има постигнато околу 20 голови.Негов омилен играч е Модриќ а Барса како омилен клуб
За протуглаците исто така атрактивен е и една година помладиот Бошко Наков  кој игра на повеќе позиции но најдобро се снаоѓа во нападот. Тој во  ФК ,, Echallens region,,   има постигнато дури 33 голови . Го нарекуваат опасен стрелец бидејки шутира со лева и десна. Има силен и прецизен удар и го вметнуваат како  неприкосновен од слободни удари и од белата точка. 16 годишниот Бошко кому посакуван клуб е Барселона  е еден од највпечатливите играчи во швајцарскиот клуб и го истакнуваат како огромен потенцијал кој може сериозно да се наметнува во големите европски клубови
 
Двајцата надежни фудбалери- браќата Накови со потекло од струмичко Ново Коњарево изминатиов месец беа на проба во Академија на Бенфика и се на добар пат да бидат дел од португалското фудбалско првенство
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *