• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичката библиотека го одбележа Светскиот ден на литературата за деца

Дружење со автори за деца. Вака денска се одбележа Светскиот ден на литературата за деца во струмичката библиотека Благој Јанков Мучето. Авторката Ксенија Маказлиева Трајчева имаше неколкучасовно дружење со дечињата. Се едуцираа за литературата за деца, ги разгледуваа првите списанија за деца на македонски јазик, читаа раскази.

Во струмичакта библиотека цел ден е врвулица. Групите ученици се менуваат, џагор ги наполни просториите. Диркеторката Тања Гошева вели дека дружењето со книгата треба да се воспостави од најрана возраст, за да се создаде навика за читање кај децата.

Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето.Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *