• Mon. Nov 25th, 2024

Струмичани се подготвуваат за зимата, го прават традиционалниот македонски специјалитет – ајварот.

ajvarАјвар, лутеница, малиџано, туршија, но и по некоја тегла слатко или компот. Струмичани почнаа да се подготвуваат за зимата. Размислуваат што вкусно да направат оваа сезона, но дел од трпезата на секое семејство, секако ќе биде нашиот најомилен специјалитет – ајварот. Домаќините со мака и мерак ги печат црвените пиперки, а ајварот го подготвуваат во различни варијанти.

Ајварот бара многу труд. Печење, лупење, мелење, пржење. Потребни се речиси два дена за да се подготви традиционалниот македонски специјалитет.

-Тешко е. Вчера завршивме со печење и лупење, а денес почнавме да го пржиме. Три часа ни се потребни за пржење, а веќе рацете не болат од мешање на ајварот-вели струмичанка.

Цената на пиперката годинава се движи од 25 до 30 денари. Пресметките покажуваат дека едно четиричлено семејство за подготовка на ајварот купува 50 до 60 килограми пиперки. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 28 тегли ајвар, а за нив се трошат најмалку 5 килограми зејтин. Ако се направат пресметки само за ајвар едно семејство треба да потроши околу 2000 денари. Доколку се земат во предвид и трошоците за останатите зимници, едно семејство треба да одвои половина просечна плата за подготовка на истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *