• Sun. Nov 24th, 2024

Струмичани на протестен марш, но овој пат порачаа ,,Влада пада,,

Струмичани повторно излегоа на протестен марш, Со звуците на песната ,, Систем вара, пада Влада пада,, од групата ,,Београдски синдикат,, струмичани уште еднаш побараа повлекување на одлуката за аболиција на Претседателот Иванов но и негова оставка но и одложување на закажаните избори на 5 јуни.Меѓудругото побараа и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, но и формирање на преодна Влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе

Протестот се одржа по улиците во централното градско подрачје а на одредени пунктови струмичани преку мегафони ги објаснуваа своите барања зошто повлекување на Иванов и оставка на актуелната Влада. На протестниот марш и синоќа се пуштаа разговорите од опозициските бомби

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *