Струмичани и вечерва излегоа на улица и протестираа во знакот на Шарената револуција. Како и во претходните денови и вечерва побараа одложување на изборите закажани на 5 јуни и повлекување на аблоцијата од страна на претседателот Иванов.
На главната раскрсница во центарот на градот со боја испишаа порака ,, Еднопартиски избори нема да дозволиме,, а како симболика за едногодишните протести против Власта и нивните барања подигнаа шатори меѓу семафорите.
Пред струмичкиот суд симболично напишаа ,,нема правда нема мир,,