Елена Биџева и Душан Костуранов се покажаа како најуспешни претставници од карате клубот „Сихан“ од Струмица на интернационалниот карате турнир „Гази Баба Опен 2016“ кој се одржа во Скопје на 2-ри Април. 18 годишната Елена Баџиева беше најдобра во женска категорија до 55 килограми а Душан Костуранов во машка категорија до 68 килограми, и двајцата освоија златен медал. На истиот турнир учествуваа и 10 годишните Невена Малинова и Александра Стојанова и 11 годишната Снежана Пеливанова, исто така претставници на карате клубот „Сихан“ од Струмица.