Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА што се организира во Скопје а ке трае до утре.
Фудбалерите предводени од Горан Станиќ со резултат од 2:1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Агон Елези во 10 и Џемал Ибиши во 50 минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во натпреварот играше и фудбалерот на Сасуоло – струмичанецот Ване Тасевски кој покажа одлична игра во одбраната се до 60 минута кога беше заменет со Кристијан Трпчевски
Во ова селекција на поширокиот список беше и фудбалерот на Академија Пандев Ариф Ибраим кој не доби шанса во дуелот со Лихтенштајн
На овој турнир учествуваат и младинските селекции на Романија и Израел