На 28.08.2023 СВР Струмица спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 40 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.