• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичанец тешко повреден во сообраќајка- со тешки повреди пренесен во болница

ByВане Трајков

May 16, 2020

Струмичанец со тешки телесни повреди вчера бил префрлен во Медицинскиот центар Струмица, откако претходно се случила сообраќајка во која се судриле два автомобили во Струмица.

„На 15.05.2020 во 12.00 часот било пријавено дека во Струмица на бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(39) од с.Дабиле, струмичко, и патничко возило „рено“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(45) од с.Добрејци, струмичко“ велат од МВР.

По незгодата, Г.Д. бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *