На 24.01.2024 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(27) од село Ангелци, струмичко. Тој бил барал со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица, а при лишувањето кај него била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор признал дека во декември 2023 и јануари 2024 година на подрачје на Струмица извршил четири кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба”.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.