• Mon. Nov 25th, 2024

Струмица ќе добие затворен базен

Струмица ќе добие затворен базен во следните три години. Освен Струмица базени ќе добијат и Штип, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Велес, Тетово и Кичево, како и пет базени во Скопје.

Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектотза изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка.

Во следните три години, пет скопски општини и девет градови треба до Агенцијата за млади и спорт да достават предлог локации за изградба на базените.

Средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000 денари, треба да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во следните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021 и 2022 година, а на општините Струмица, Штип, Чаир, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓроче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба да побараат и да обезбедат Одобрение за градба.

Затворениот базен во Струмица го најави пред точно една година, директорот на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *