Советот на општина Струмица донесе одлука за субвенционирање на домакинствата кои планираат да се приклучат на гасоводната мрежа. Субвенцијата според одлуката на струмичките советници ќе биде 100 евра во денарска против вредност и таа ќе важи за првите 50 тина домакинства кои планираат своите домови да се греат на гас. Во моментов приклучокот на гасоводната мрежа на Струмица гас изнесуа 600 евра па согласно одлуката првите домакинства во ова календарска година што ке сакаат да се приклучат на дисрибутивната гасоводна мрежа треба да плаќат по 500 евра
Општина Струмица годинава планира да се задолжи со 40 милиони денари за проширување на гасоводната мрежа до населените места до градот. Задолжувањето е планирано и во Буџетот за ова година се со цел гасот да протече и до земјоделците по населените места
Досега Струмица гас со општински средства има изградено мрежа од 29 километри а околу 200 домаќинства се приклучени на гасоводната мрежа во Струмица