Струмица ќе биде домаќин на главното финале на меѓународниот музички фестивал за млади таленти „Ритамот на Европа“. Овој фестивал за првпат се одржува во Македонија, а на просторот на поранешна СФРЈ постои 18 години.
Во просториите на Младинскиот центар се вршат интензивни подготовки за финалето коешто ќе се одржи кон крајот на јануари или почетокот на февруари идната година. За да се обезбедат максимални услови и финалето да биде во најдобар ред, на поготовките присуствуваше и заменик градоначалникот на општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова.
На ова музичко натпреварување ќе учествуваат млади од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија.
Целта на овој музички проект кој е најголем од ваков тип во Европа, е да се даде поддршка на младите таленти.