• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица формира волонтерски тимови за помош на возрасни, болни и лица со попречености

Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа координативен состанок со претставници на општинските институции и организации на којшто беа утврдени дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот:

1.Општина Струмица формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општината.

Тимовите се составени од млади волонтери кои се пријавиле во општина Струмица  и волонтери на Црвениот Крст.

Телефони: 071 345 901   075 271 710

2.На ден 17.03.2020 година (вторник) ќе се изврши дезинфекција на улиците и целата урбана опрема во градот. Дезинфекцијата ќе ја вршат ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица.

3.Формирани се специјализирани сили во просторните сили за заштита и спасување за прва медицинска помош и асанација на теренот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *