• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица против Лирија, Наковски В. против УГД-дома а Макс му гостува на СВСК, сите најавуваат победи

Викендов се крева завесата на Одбојкарскиот Шампионат на Македонија во машка и женска конкуренција во кој Струмица ќе партиципира со три екипи  и тоа со женските тимови на Македонија Макс и Наковски волеј и ланскиот вицешампион Струмица.

Избраниците на Кире Ричлиев утре во салата Партизан во 15 часот го пречекуваат тимот на Лирија од Жеровјане. Момците на Струмица ја најавуваат и првата победа а на победа атакуваат и девојките на Македонија Макс кои му гостуваат на новајлијата СВСК со одбојкарки од Куманово и Скопје

Премиерен настап во првата лига утре има и женскиот сениорски состав на Наковски волеј кој во салата на ,,Димитар Влахов,, во 17 часто ќе го угости УГД од Штип против кои најавуваат атак и на првата прволигашка победа за овој новајлија во женското одбојкарско друштво

Стручните штабови на Струмица и Наковски Волеј ги повикуваат лубителите на одбојката утре да присуствуваат во Партизан во 15 часо и Димитар Влахов во 17 часот и да ги бодрат тимовите во остварување на првите победи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *