• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во училишта

ByВане Трајков

Jan 22, 2022

Општина Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта. Денови се вршеше замена на дел од старите прозорци и врати во средното општинско училиште „Никола Карев“, основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица и во подрачното училиште „Сандо Масев“ во населеното место Водоча.Со новите прозорци и врати побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија, на својот Фејсбук напиша градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *