• Sun. Nov 24th, 2024

СТРУМИЦА ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ВРВНИТЕ СВЕТСКИ ГОТВАЧИ

Третиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – ГастроМак 2018 и годинава ќе се одржи во Струмица. Терминот на одржување е од 08 до 12 октормври, оваа есен, а домаќин повторно ќе биде струмичкиот Хотел Вила Парк. Ова денес го соопштија од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, најавувајќи го овој исклучително високорангиран интернационален натпревар на готвачи од светот кој што по трет пат се случува во нашата земја.

Од ГастроМак најавуваат дека на големиот кулинарски настан ќе присуствуваат над тристотини учесници – натпреварувачи, судии и почесни гости и гастропомски амбасадори од многу земји и, практично, ќе го донесат светскиот гастрономски “крем-де-ла-крем” кај нас. Натпреварот, под мотото “Залче од светските вкусови!”, е логистички поддржан од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

“Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашиот проект од минатата година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја поткренеме на уште повисоко рамниште! Светската гастрономска јавност со месеци зборуваше во суперлативи за минатогодишниот настан тука во Струмица, така што и оваа година мораме да го одржиме и да го надминеме заслуженото реноме. Со домаќините – градот Стримица и Хотелот Вила Парк – сигурни сме дека и оваа година ќе направиме настан за долго паметење!, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак.

“Струмица и струмичани повторно ќе имаат извонредна можност да се дружат со врвните мајстори на кулинарството од земјата и светот.
ГастроМак 2018 ќе биде уште една алка во синџирот од меѓународни манифестации со кои Струмица се гордее и е препознатлива и надвор од границите на нашата земја.
Да се биде на гастрономската мапа на светот не е мала работа, па затоа сум убеден декаа од 8 до 12 октомври, сите патишта ќе водат кон Струмица”, изјави Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски. Тој го потенцираше уверувањето дека годинешното издание на овој интернационален гастрономски натпревар ќе биде најдобро до сега.

Според најавите, и ГастроМак 2018 ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија, а нашата земја Ќе кја има честа поворно да угости великани во светската гастрономијата, познати шефови во глобални рамки, натпреварувачи од неколку континенти.

Како единствена и ексклузивна национална асоцијација која што и формално ја претставува Република Македонија во интернационални рамки под закрилата на WACS, во ГастроМак нагласуваат дека целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата гастрономска традиционална култура на нашето македонско поднебје, како и промоција на едукативниот процес кај готвачите и воведување на светските кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна.

ГастроМак, Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, е oснована во мај 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмот и во менаџментот во угостителството, потоа студенти и средношколци, но и аматери ентузијасти од сите сфери, кои што имаат доприрна точка со кулинарството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *