Во рамките на поддршката што општина Струмица ја дава за реализација на заеднички ученички активности кои ја промовираат меѓуетничката интеграција и интеркултурна комуникација во основните и средните општински училишта, во средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица, под насловот „Струмица, мојот мултикултурен град“, се реализираше самостојна активност, која симболично се одржа на комплексот „Цареви Кули“.
Преку истражувачка работа, учениците од мешан етнички состав, заедно со нивните професори изработија постери со фотографии од народни носии, верски објекти, традиционални јадења и слики од секојдневието што ја отсликуваат мултикултурата во Струмица. Во овој период е објавен и ликовен и литературен конкурс со истата тема, за кој се обезбедени пригодни награди.