• Mon. Nov 25th, 2024

Струмица и Работнички во Луксембург ќе ги добијат ривалите во европските купови

ByЃ. K.

Jul 19, 2023

Денеска во Луксембург (12 ч.) двата македонски одбојкарски преставници во европските купови, шампионите во машка и во женска конкуренција, Струмица и Работнички, ќе ги добијат противниците во првите кола од новата сезона на Лигата на шампионите и Челинџ Купот на ЦЕВ.

Струмица и оваа година ќе биде дел од најсилното клупско натпреварување Лигата на шампионите, каде со новиот формат ја чека битка во групна квалификациска фаза. Струмичани денеска ќе ги добијат противниците во една од четирите групи кои ќе бидат формирани со ждрепка.

Шампионките Работнички, пак, се пријавија за настап во третото по ранг натпреварување, Челинџ Купот, каде ќе се игра во нокаут-дел во квалификациската фаза. Според потврдата од Европската конфедерација годинава во женското издание на Челинџ Купот се пријавени 54 европски екипи, на кои треба да им се приклучат уште два тима од регионалните одбојкарски натпреварувања (МЕВЗА и БВА купот).

Работнички по подолго време се враќа на европската карта и со нетрпение го чека својот прв ривал во ова европско натпреварување.

By Ѓ. K.