• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица започна со вакцинација на лица над 77 години

Од утрово во просториите на спортска медицина , започна вакцинацијата на граѓаните над 77 години со британско- шветската вакцина Астра Зенека. Лекарите се задоволни од текот на процесот и констатираа дека нус појави нема , а заинтересираноста на граѓаните е голема. Струмица вчера доби 600 вакцини.

Граѓаните кои преку мој термин закажале вакцинација , денес уредно чекаа да ги повикаат и да ја примат вакцината. Велат дека не се плашат, а ревакцината ќе ја примат после 3 полни месеци.

Во неделата во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „АстраЗенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *