Сите струмички одбојкарски прволигаши ги почнаа мечевите од ова сезона со комплетирањето на третото коло. Последен во низата беше Струмица жени кои на гостувањето во Битола славеше со 3: 1 во сетови во натпревар кој струмичанки покажаа борбеност и покрај фактот што среде натпревар се повредија Пандева и Каралијска.
Девојките од Струмица во првото коло беа слободни во второто требаше да се сретнат со Јанта волеј но овој меч е одложен.
Единствено сите мечеви ги одигра Наковски Волеј кој на своето конто запиша две победи против Македонија Макс во првото и Јанта волеј во второт но и еден пораз од Универзитет Тетово во кој освои бод. Одложени мечеви има и Викори Волеј од првото коло со Работнички кој е закажан задутре а славеше победи над Ускана и Бами Кор
Четвртиот преставник тимот на Македонија Макс во последното коло освои бод во мечто со УГД а во второт коло го одложија дуелто со Вардар жени