• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица е првата општина во државата која издвојува 10 милиони денари за изработување на Акциски план преку којшто ќе се лоцираат потенцијалните загадувачи

ByЃ. K.

Dec 13, 2023

Струмица е првата општина во државата, која благодарение на партнерството со УНДП, издвојува 10 милиони денари за изработување на Акциски план преку којшто ќе се лоцираат потенцијалните загадувачи и ќе се подготват конкретни мерки и иницијативи преку кои општината заедно со инспекторатите ќе го решава проблемот со аерозагадувањето.

-Благодарен сум за соработката со УНДП затоа што 20 милиони денари, 10 милиони денари од УНДП и 10 милиони денари од општина Струмица, се навистина важен ресурс кога станува збор за таа битка со аерозагадувањето. Веќе се преземаат радикални чекори, очекуваме дека до крајот на оваа недела да биде објавена и јавната набавка за набавка на електрични автобуси и конечно да го реализираме проектот Струмица прв град со целосно електрифициран превоз на Балканот. Таквите иницијативи, таквата соработка со УНДП и со други меѓународни институции, може само да ја зајакнуваме кога станува збор за здравјето на граѓаните, за заштита на животната средина и конечно еднаш засекогаш, справување со загадувањето на воздухот, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Како плод на добрата соработка со УНДП, Струмица денеска беше домаќин на работилницата за обезбедување податоци за подготовка на успешни планови за квалитет на воздухот.

By Ѓ. K.