Градоначалникот Костадин Костадинов на својот фб профил информираше дека потпишал договор за грант од Европската Унија со вредност од 749.210,70 евра односно 46.063.500 денари.
Ова е тригодишен проект кој предвидува Струмица да го направи Паметен Вело Град.
Детали за паметниот вело град се очекуваат да бидат соопштени во наредните денови.