Кадетките на ЖРК СТРУМА-Геотермика го завршија есенскиот дел од првенството. Со пет победи и три пораза струмичките надежни ракометарки напролет ќе стартуваат од третата позиција со вкупно 15 бода веднаш зад Металург и Шампион.
Во рамките на последното коло претрпеа пораз од Шампион Скопје со резултат од 21:26. Струмичанки не можеа да се спротистават на скопјанки во чии редови имаше повозрасни и поискусни ракометарки наспроти струмичанки кои претежно се родени 2004 тата
,, Задоволни сме од ракометарките на ЖРК СТРУМА-Геотермика кои до крајот на натпреварот играа со цел да го достигнат резултатот и што е најважно не се предадоа во ниеден момент и покажаа инзвонредна борбеност. Голема благодарност и до публиката која на секој натпревар е во се поголем број,, информираа од Струма Геотермика
Шансите за Фајнал-Фор не се изгубени. како што истакнаа од стручниот штаб во вториот дел од сезоната ќе се продолжи со исто темпо и со иста цел струмичанки да играат за кадетска титула