• Fri. Nov 22nd, 2024

Стојан Велков доби награда за најдобра машка улога на фестивал во Албанија

Стојан Велков доби награда за најдобра машка улога на фестивал во Албанија

За улогата на Лихварот во монодратамата „Кротка“, актерот Стојан Велков ја доби наградата за најдобра машка улога на 17. Интернационален фестивал на монодрамата „Албамоно“ во Корча, Албанија. Претставата во продукција на здружението „Транзен“ од Струмица, ја оценуваше меѓународно жири составено од театарски уметници од Србија, Албанија и од Романија.

– Оваа награда е награда за целата наша екипа, затоа што екипата на „Кротка“ е во постојан процес на пресоздавање и доусовршување на самата претстава, а преку тоа и неминовно придонесува за квалитетот на изведбите. Оваа награда дополнително не’ мотивира да продолжиме и понатаму да твориме театар, но истовремено е доказ за тоа дека за да се создаде сериозен и квалитетен театарски продукт е потребна огромна посветеност, верба и истрајност – велат од продукцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *