Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ завчера без најава ги затвори сите продавници во Македонија, а стотици купувачи без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Во Македонија, компанијата има продавници во Скопје Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово Струмица, но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Неофицијално, десетици струмичани останаа без платените нарачки . Српските медиуми објавија дека руската ,,Спилит’’ која го произведува мебелот а го продава ,,Нефа’’, пред три дена преку ноќ побегнале од Врање Србија и оставиле долгови и околу 300 работници без работа заради што во неизвесност се купувачите во Србија и Македонија каде ова комапнија има своја трговска мрежа