• Sat. Nov 23rd, 2024

ССМ: Ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација

ByВане Трајков

Aug 12, 2022

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација. 

Димовски денеска во вестите на Сител изјави дека многу работници преку иницијативата „Отворен Балкан“ ги спремиле куферите за да си заминат од земјава.

Според него, ССМ повеќе не бара зголемување од 2.806 денари за сите како солидарно решение.

„Покачувањето сега мора да биде 18,4 отсто. Гледаме лебот се покачи, цените се високи… Како ќе преживееме ние? Ќе чекаме Владата да направи нова методологија? Ние ќе се радикализираме, а граѓаните, пензионерите, младината нека го сфати ова сериозно“, изјави Димовски во вестите на Тв Сител.Тој вели дека мора да се побунат за она што законски им следува. 

Над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *