Да се донесат соодветни протоколи за контролирано одржување прослави и настани во угостителските објекти, е ставот што претставници на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори (ССК) го изнеле и на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од креирање и донесување
Како што информира ССК, на состаноците со Комисијата за заразни болести редовно се укажува дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат, поради тоа што нема протоколи, со што се става под знак прашалник егзистенцијата на нивните вработени.
„ТУК уште на почеток на јули изготви предлог-протоколи со кои се предвидува работа во контролирани услови. И, иако тие предлози беа оценети како прифатливи во Комисијата, сѐ уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно, како и досега, ќе се соочуваме со приватно, во сопствена режија, организирање прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време, за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи“,
велат од ССК.