• Sat. Nov 23rd, 2024

Средношколците од Никола Карев меѓу најдобрите на државниот натпревар во електро и машинска струка

Средношколците од СОУ ,, Никола Карев’’ од Струмица на последниот државен натпревар за машинска, елетктротехничка и сообраќајна струка се покажаа во најдобро светло освојување повеќе награди. Натпреварот се одржа во АСУЦ ,, Боро Петрушевски’’ во Скопје каде Мартин Динев (III год) од електротехничката струка, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика го освои второто место под менторство на професорите Бошко Николов, Борислав Манчев и Павлинка Стојанова.

Петре Божинов од машинска струка, профил автоемеханичар го освои второто место под менторство на професорот Марјанчо Јованчев додека  Борис Делев од машинска струка, техничар за компјутерско управување, го освои третото место под менторство на професорките Софија Ѓоргиева и Наталија М. Стоилкова.

Со пофалници се здобија учениците Мите Јанчев, автотехничар мехатроничар, Љубе Динев, електротехничар енергетичар, Стефанија Николова, техничар за транспорт и шпедиција и Илинка Гошева, техничар за патен сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *