Во пресрет на World Art Day – Светскиот ден на уметноста, 15 април, во организација на Europe House Струмица се одржа еднодневна ликовна работилница во Дом на млади Штип, под насловот „(НЕ) СУДИ МЕ СПОРЕД КОРИЦАТА“.
Средношколци од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип и студенти од Ликовната Академија – Штип, под менторство на Јана Јакимовска, ликовна уметница и професорка на Ликовна Академија, УГД – Штип, работеа индивидуално но и тимски на конкретната задача – изработка на корица за омилената книга или плакат за омилениот филм или културен настан.
Учесниците се соочија и со предизвикот идејно и концептуално да го осмислат решението кое потоа и практично го изведоа во техника колаж.
Работилницата имаше за цел на учесниците да им го доближи ликовното обликување и минималистичкиот графички дизајн како концепциски пристап кој опфаќа елементи од дизајнот и ликовната уметност.