Средношколката Тијана Стојменова од Ново Село како „Градоначалник на еден ден“ заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, г-дин Ѓорѓе Божинов ja реализираа дневната агенда.
Во текот на вршењето на функцијата градоначалничка на еден ден, Тијана се запозна со надлежностите на градоначалникот и функционирањето на одделенијата во општината, како и увид во градежните активности за асфалтирање на улица во Смолари.
“Municipality takeover – Mayor for a day” е програма на Europe House Струмица, каде што младите имаат можност да бидат директно влучени во работата на институциите и ја имаат шансата да даваат препораки и предлози за подобри и поинклузивни програми и активности за сите млади во заедницата, притоа придонесувајќи кон исполнување на 11 ЕУ Youth Goals.