Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат на сила од утре.
ПЦР текст не е потребен за српските државјани коишто доаѓаат од земјите во соседството.
извор: Макфакс