• Sun. Nov 24th, 2024

Спасовски во Гевгелија го посети реконструираниот објект на полициската станица

ByВане Трајков

Jan 11, 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на Гевглеија каде ја посети реновираниот објект на ОВР Гевелија кој се работеше со средства од буџетот на МВР.

,,Денеска извршив увид во условите за работа на полициските службеници на сега веќе реконструираниот објект на ОВР Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, средства од буџетот на МВР. Објектот беше во доста амортизирана и оштетена состојба, што беше делумна пречка во професионално извршување на работните задачи и активности на вработените, а во архивските записи со кои располагаме немавме податок за последното реновирање. Градежните работи ги започнавме на 14.10.2020 година и истите ги завршивме за краток временски период, независно од временските услови и пандемијата од Ковид-19, во дадениот рок – на 30.12.2020година.Мој личен и приоритет на актуелното раководство на МВР – подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на сите полициските организациони единици и на полициските службеници,,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *