„Спас за Гевгелија“ бара воведување на мерки поради канцерогениот чад кој се шири од запалената депонија
Граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“ информира дека четири дена по ред градот е прекриен со густ чад предизвикан од пожар кој е предизвикан во градската депонија.-Вчера беа измерени 44 степени во Гевгелија.
Депонијата се уште гори и граѓаните на Гевгелија дишат високо канцероген воздух. Денес и во наредните денови се очекуваат екстремно високи температури.
Градоначалникот согласно законот мора да превземе и воведе итни мерки за справување со оваа вонредна состојба. Се работи за здравјето и животот на граѓаните, велат од здружението во објава на нивниот фејсбук профил.
Здружението „Спас за нас“ на 02.08.2021 година, доставило пријава до Државниот инспекторат за животна средина за загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните. Од инспекторатот добиле информација дека директорот на државниот инспекторат заедно со своите соработници ќе излезе на терен и ќе постапи согласно законот.