• Fri. Nov 22nd, 2024

СП 2018: Аргентина ја совлада Нигерија за осминафинале

Санкт Петербург, 27 јуни 2018 (МИА) –  Аргентина ја совлада Нигерија со 2:1 во натпревар од групата Д на Светското фудбалско првенство во Русија. Со оваа победа и вкупно четири бодови Аргентина како второпласирана во групата обезбеди пласман во осминафинале и ја елиминираше Нигерија.

Аргентинската репрезентација на овој натпревар прикажа посигурна игра и доминираше на теренот. Аргентина имаше поголем посед на топката и изврши поголем притисок на нигерискиот гол.

Со голот на Лионел Меси во 14 минута Аргентина стигна до рано водство од 1:0, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел со гол од пенал нигерискиот фудбалер Виктор Мозес во 51-та минута израмни на 1:1.

Потоа следеше пад во играта на аргентинската репрезентација, што пак резултираше со неколку посериозни шанси за Нигерија.

Аргентинците во финишот на натпреварот се консолидираа и Маркос Рохо беше прецизен во 86-та минута за 2:1 и донесе победа за Аргентина.

На вториот натпревар од оваа група, Хрватска го совлада Исланд со 2:1 и го потврди првото место во групата со девет бодови и сигурниот пласман во осминафиналето.

Исланд остана на последното место на табелата со еден бод.

извор:www.kajgana.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *