Ова е заклучокот на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија и на Иницијативниот одбор на тутунарите.
Зклучокот од средбите со откупувачите, со Министертсвото за земјоделство и со премиерот е дека ништо не е решено и покрај ветувањата. Тутунот се откупува за класа подолу, просечната цена не мрднала од 167 денари.
Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија изјави дека заклучокот е донесен и мора да се реши тутунарската мака.
-И покрај повеќето средби со откупувачите, со министерот за земјоделство и со премиерот каде баравме ублажување на линијата за откупот на тутунот, но досега нема ништо. Сѐ уште родот на тутунопроизводителите им се откупува за класа подолу. како споредба, ако лани до овој период веќе имаше откупено 18 до 19 000 тони, со просечна цена над 220 денари, годинава досега се откупени 4 500 тони тутун со просечна цена од 167 денари, што е за 60 денари поевтино од лани. Како Сојуз донесовме заклучок дека доколку откупувачите овие два дена не ја подобрат линијата, ние од првиот работен ден во новата година ќе ги повлечеме поврениците, нема да има откуп до средбата со премиерот која е закажана сѐ до конечно решение додека не се реши маката на тутунарите, рече тој.
Стомнароски смета дека доколку нема решение и на таа средба, Сојзуот ќе ги искористи сите законски можности.
-Доколку и тогаш нема решение, ние како Сојуз законските можности ќе ги бараме преку поверениците – секоја нереално проценета кутија да се запира до второстепена комисија. А според законот, доколку на еден проценител тоа му се случи повеќе од трипати, на тој проценител треба да му се одземе лиценцата и нема право наредните пет години, изјави Стомнароски.
Игор Мирчески, од Иницијативниот одбор на тутунарите рече дека сега е последната можност да се решат состојбите со откупот кои може да ескалираат. Го повика премиерот да каже кое е решението, затоа што според нив, тоа може да го сторат институциите и државата.
– На барање на огромен број кооперанти, поднесовме иницијатива до Сојузот, тој ја прифати првиот работен ден во Новата Година да се повлечат поверениците, да запре откупот на тутунот, да запре овој грабеж кој се случува во моментов, зашто се цени класа подолу, луѓето се изреволтирани, изманипулирани, мака мачат како да дојдат до откупните пунктови. Динамиката е со лош интензитет. Отккао ќе излезат со пресметките не знаат што да прават со тие бедни класи, во трета и четврта. Огорченоста расте, решение на проблемот нема, инситуциите едноставно, или не сакаат или немаат решение за проблемот. затоа, одлучивме да дадеме простор во овие два дена, изјави Мирчески.
Годинашнава реколта се цени на околу 23 000 тони. Досега се купени околу 4 5000 тони по просечна цена од 167 денари за килограм.