По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, инклузивниот тим при СОУ Јане Сандански организираше ликовна работилница под мотото „Светот го сочинуваат различностите“.
Работилницата беше организирана под менторство на проф. Митко Тошев и специјалниот едукатор и рехабилитатор Наташа Георгиева со учениците од Прва година.
Тие испратија јасна порака дека сите сме различни а толку исти, сите имаме исти потреби а различни способности.