Средношколците од „Димитар Влахов“ победија во повеќе дисциплини на 48-миот Државен натпревар на ученици од училишта со земјоделско ветеринарна и шумарска струка. Помеѓу десет училишта од цела држава, тие се вратија со голем успех и дипломи за покажаното знаење. Натпреварот се одржа во Битола, а домаќин беше средното училиште „Кузман Шапкарев„.
Директорот на СОУ „Димитар Влахов„, Струмица, е задоволен со постигнатиот успех. Според него, уште еднаш го потврдиле епитетот на најдобро земјоделско училиште во државата.
СОУ „Димитар Влахов„, Струмица досега има освоено повеќе награди, како на регионално, така и на државно ниво.