• Mon. Nov 25th, 2024

Сопругата го тепала сопругот, тој ја тепал неа или било обострано?

ByЃ. K.

Nov 4, 2023

Во полицијата во Струмица жена пријавила дека била натепана од сопругот, но исто така и сопругот ја пријавил својата сопруга дека бил натепан од неа.

Вчера во 11.45 часот 33-годишна жена пријавила дека околу 9 часот во домот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. Исто така, во 22.45 часот 38-годишен маж пријавил дека околу 2 часот во домот бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 33-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

By Ѓ. K.