• Tue. Nov 26th, 2024

Сообраќајка се случи во центарот на Струмица

Околу 12 часот и 30 минути се случи сообраќајна несреќа на булевар „Маршал Тито“ во центарот на Струмица.

Возило марка Ауди движејќи се од кружниот кај Поштата кон Глобал удрил во возило што се вклучувало во сообраќај. Според очевидците повреден е возачот во Аудито, и возачот и сопатниците во другото возило.  Екипи на Итната помош повредените ги транспортираа до Општата болница Струмица.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *