Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, информира УХМР.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североисток. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а попладне со услови за појава на изолирана краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степена.
Од денеска преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во средината на неделата.