• Fri. Nov 22nd, 2024

СОНК и МОН продолжуваат со преговорите и викендов

СОНК и МОН продолжуваат со преговорите и викендов

Претставниците од Синдикатот за образование и наука и Владата и викендов ќе преговараат со цел да се најде заемно прифатливо решение за зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. Со тоа би завршил штрајкот, а децата би се вратиле на училиште од понеделник.

Од Владата вчера информираа дека во наредните денови ќе се утврди процентот за зголемување на платата што ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на буџетот по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да почне сеопфатен дијалог, со активно учество на Синдикатот за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

Владата истакна дека е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите, кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *