Советнички прашања после три месеци, на 25тата седница на советот на општина Струмица. Советниците од опозицијата побараа како посебна точка на дневен ред да бидат советничките прашања, по што претседателот на советот на општината, им укажа дека според договорот од претходната седница, потребно е да биде свикана посебна седница за советнички прашања, но прво прашањата да бидат испратени до општинската администрација, за да имаат увид од кои институции е потребно да се повикаат одговорни лица за одговор на прашањата.
Опозицијата беше децидна дека според нив подобро е на седницата да се постави точка за советнички прашања отколку да се закажува посебна седница за истите, како што вели Координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ Никола Маџунков: „Никој нема право според деловникот да ги бара прашањата однапред со цел да ги подготви одговорите“.
Маџунков додава дека со овој начин на работа на советниците а и на граѓаните им се одзема демократското право да постават прашање на градоначалникот и директорите на иституциите кои се платени со парите на истите тие граѓани.