За неполни два дена откако почна да се собираат потписи за референдумско изјаснување за рудници во Валандово, иницијаторите информираат дека околу илјада валандовчани го дале својот потпис. Ова е 50 одсто од потребните потписи за да ДИК потврди дека е исполнет законскиот цензус за да има локален референдум на иницијатива на граѓаните во ова општина.
Рокот до кога треба да бидат собрани потребните 2100 потписи е 15 јуни но граѓаните инсистираат да се слушне нивниот глас за евентуално отварање рудници
Согласно законот, собраните потписи треба да се достават до ДИК и општинските власти во Валандово. Советот е тој што треба да одлучи терминот и референдумското прашање. Засега останува неизвесно кога Советот на Валандово повторно ќе заседава со оглед на истечениот мандат. Инвеститорите на Казандол Сардич МЦ остануваат на ставот дека рудникот нема да загадува